Search

Рускиот Амбасадор во посета на Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски беше домаќин на Амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин. На средбата, се дискутираше за актуелните состојби во кои се наоѓа Општина Кисела Вода, како и сето она што се презема за да се надмине проблематичниот период поврзан со корона вирусот. Во пресрет на Денот на раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин, кој општина Кисела Вода го празнува секој 6 ти јуни со манифестацијата „Пушкинови денови”, градоначалникот и амбасадорот ги договараа насоките за годинешното одбележување кое, согласно условите ќе мора да има видоизменет карактер.

Инаку идејата за одржување на ова културно збиднување датира од 2009 година, на заедничка иницијатива од Амбасадата на Руската федерација и општина Кисела Вода, во знак на продлабочување на културната соработка помеѓу двете пријателски земји. Во контекст на пријателството, во општина Кисела Вода е именуван парк Пушкин, каде постои и биста на овој великан, а исто така, неговото име го нооси и една улица во општината.

Средбата со русиот Амбасадор Баздникин беше заокружена со идеи и подадена рака за нови соработки  кои треба да им донесат подобри услови за живеење на жителите на општина Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави