Search

Руската православна црква бара помош од ОН за ситуацијата во Украина

Руската православна црква (РПЦ) ги повика Обединетите Нации, лидерите на Германија и Франција, папата и другите верски водачи да ги заштитат верниците во Украина од, како што се вели, притисокот на државата врз свештениците.

Украинските православни свештеници ќе се соберат во сабота на состанок на кој се очекува да се формира автокефална украинска црква.

Украинската црква има повеќевековни врски со руското свештенство, но властите во Киев сметаат дека ова е важен чекор за отстранување на руското мешање на украинска територија.

РПЦ денес соопшти дека Патријархот Кирил испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, папата Франциско и други верски водачи повикувајќи ги да ги заштитат свештениците, верниците и нивната вера.

Треба да знаете
Последни објави