Search

Руси во Америка спречија демолирање на локалот „Пушкин“

На социјалните мрежи се шири интересна снимка од САД: во намерата да се заштитат од хулиганите и пљачкашите, крупни руски момци направија „жив ѕид“ пред ресторан под називот „Pushkin Russia“.

 

На руските социјални мрежи фотографијата меѓу првите ја објави Русин од Талин, раководителот на Антифашистичкиот комитет на Естонија Андреј Заренков. Меѓутоа, тој забележува дека некој ја искористил можноста по кој знае кој пат да ги нарече Русите мафијаши, бидејќи фотографијата е опишана со зборовите: „Руската мафија се брани во полн состав“.

https://www.instagram.com/p/CA7Gy5CD4Aq/?utm_source=ig_embed

Инаку, станува збор за ресторан во Сан Диего, а еве што неговиот сопственик Ајк Газарјан изјави за руските медиуми:

„Никого не тепаме, никого не гибаме, не дозволуваме да го кршат нашето, да ни го демолираат ресторанот. Имам многу пријатели и штом во неделата сфатив што може да се случи, им се јавив и дојдоа во рок од половина час. Вкупно 12 луѓе, со оружје, пиштоли и пушки. Имаме дозвола за оружје и знаеме како се пука. По улиците не се движиме наоружани, но во својот локал имаме право да го користиме.“

https://www.instagram.com/p/CA7H9wojEsk/?utm_source=ig_embed

Превземено од: Russia Beyond Macedonia

Треба да знаете
Последни објави