Search

Русија реагира на повлекувањето на САД од „Отворено небо“: Тие ѝ зададоа удар на европската безбедност

По објавувањето на Соединетите Американски Држави дека ќе се повлечат од договорот „Отворено небо“, повикувајќи се на кршење на пактот од страна на Русија, Москва рече дека СоединетитеАмерикански Држави ѝ задале удар на европската безбедност.

Договорот „Отворено небо“ беше потпишан пред 18 години од 35 земји. Со договорот е дозволено членките да вршат невооружени набљудувачки летови над своите територии со цел да промовираат доверба и да спречат конфликти.

„Повлекувањето на Соединетите Американски Држави од тој договор претставува удар не само врз темелите на европската безбедност туку и на инструментите на постојната воена безбедност и важните безбедносни интереси на американските сојузници“, рече заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

Тој посочи дека ова не е билатерален, туку мултилатерален договор.

„Ваквата ненадејна одлука ќе влијае на интересите на сите учесници без исклучок … Ништо не го спречува продолжувањето на разговорите за овие технички прашања што САД денес ги претставуваат како руско кршење на договорот“, додаде Грушко и го обвини Вашингтон дека го уништил инструментот што во последните 20 години им служеше на интересите на мирот и безбедноста во Европа.

Треба да знаете
Последни објави