Search

Русија им го продолжи притворот на украинските морнари

Русија денеска го продолжи привремениот притвор на 12 украински морнари, кои беа уапсени во ноември минатата година по вооружен инцидент кај Крим.

Московскиот суд им го продолжи притворот до 24 април, изјавил нивниот адвокат Николај Полозов.

Во ноември Русија со престрелка спречи три украински воени бродови со 24 морнари, при што тројца беа ранети и започнаа најголемите тензии со Киев во последните години.

Инцидентот се случи во Црното Море кога бродовите се обидоа да влезат во Азовското Море преку теснецот Керч.

Треба да знаете
Последни објави