Search

Русија ги повика САД да се откажат од распоредување проектили во Вселената

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика САД да ги повлечат, како што ги нарекоа, неодговорните планови за распоредување воен ракетен систем во Вселената, нарекувајќи го тој потег – јакнење на трката во вооружување.

Министерството соопшти дека тие планови изгледаат како обид за заживување на програмата „Војна на ѕвездите” или Американската стратешка воена иницијатива, која првпат ја објави тогашниот американски претседател Роналд Реган во 1980 година.

Москва соопшти дека е „длабоко загрижена” поради американските планови за кои тврди дека ги толкува како потврда на тоа дека Вашингтон во блиска иднина планира да го искористи Универзумот за воени цели.

Треба да знаете
Последни објави