Search

Русија ги негира обвинувањата на Украина: Бродовите се во нормална состојба

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија се огласи по изјавите на официјалните украински претставници дека на бродовите што Русија им ги вратила недостига опрема, тврдејќи дека Украина ги добила своите бродови во нормална состојба и со исправни санитарии, пренесува „РИА Новости“.

Од ФСБ истакнуваат дека Украинците потпишале документи за примопредавање на бродовите и дека тогаш немале никакви забелешки.

„Ако украинската страна од брегот на Крим до Очаков успеала да ги уништи бродовите и санитарната техника, тогаш тоа е нивен проблем“, се наведува во соопштението на ФСБ.

Во приложеното видео три брода се прикажани од различни агли во крупен план, а потоа следат снимки од внтрешноста. На камерата не ѝ избегал ни натписот „Направено во СССР,“ а како што се гледа, нема видливи оштетувања на бродовите.

Во приложеното видео три брода се прикажани од различни агли во крупен план, а потоа следат снимки од внтрешноста. На камерата не ѝ избегал ни натписот „Направено во СССР,“ а како што се гледа, нема видливи оштетувања на бродовите. Москва на 18 ноември ѝ ги предаде на украинската страна трите брода на украинската морнарица што беа задржани во близина на протокот Керч поради повреда на руските граници. Потоа се огласи командантот на украинската морнарица, Игор Воронченко, кој изјави дека од нивните бродови исчезнала речиси сета опрема, вклучувајќи ги и тоалетните шолји, штекерите, ламбите итн. Тој исто така додаде дека Русите ги уништиле бродовите.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека на трите брода вратени од Русија им недостига опрема и вооружување и вети дека ќе побара од руската страна да врати сè.

„Ја видов состојбата. Ќе биде отворена истрага, ќе ги видиме сите детали“, рече Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави