Search

Русинките „измаршираа“ кон полуфинале!

Тоа што некогаш беше големо дерби во женскиот ракомет, овојпат помина многу еднострано – Русија ја декласираше Данска со 32:21 за да остане непоразена на ЕП во Франција и да покаже дека е фаворит за златото.

Дека Данките и дефинитивно нема што да бараат на ЕП во Франција стана јасно уште во првото полувреме, кога Русинките направија предност од пет гола, за да ја продолжат совршената игра на првенството. „Четата“ на Евгениј Трефилов го доведе мечот со рутинска игра за конечни +11 (32:21).

Ана Вјахирева доминираше со девет гола за „зборнаја“, а пет додаде поранешната „вардарка“, Полина Кузнецова. Кај Данска, Катрин Хајндал имаше пет голови.

Во вториот денешен меч, Србија и Црна Гора ќе се обидат да ги задржат своите мали шанси за полуфинале во меѓусебен „лут“ дуел.

ГРУПА 1

Русија – Данска 32:21 (14:9)

Црна Гора – Србија 21.00 ч.

Табела: 1.Русија 8, 2.Франција 5, 3.Шведска 3, 4.Србија 2, 5.Црна Гора 2, 6.Данска 2

Треба да знаете
Последни објави