Search

Руни може да стане главен тренер на Дерби Каунти

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни наскоро може да го предводи тимот на Дерби Каунти, пренесува „The Sun”.

Според изворот, 34-годишниот Англичанец, е близу до преземање на тренерската функција. Официјалните лица од Дерби, наводно, не се задоволни од работата на нивниот сегашен тренер Филип Коку. Холанѓанецот може да биде отпуштен следната недела, по што клубот планира да го назначи Руни.

Дерби имаше лош старт во сезоната 2020/21, откако претрпе три порази на четири натпревари во Чемпионшип.

Треба да знаете
Последни објави