Search

Рудари останаа заробени во нелегален рудник за јаглен во Индија

Најмалку 13 рудари останаа заробени поради поплави во илегален рудник за јаглен на подрачје во североистичниот дел на Индија, соопшти полицијата.

На лице место излегоа десетина спасувачи кои ја испумпуваат водата што вчера го поплавила рудникот.

„Работиме сѐ што можеме да ги извлечеме. Според нашите податоци, во моментот на поплавувањето внатре имало 13 лица“, наведе полицијата.

Судот пред три години нареди затворање на рудникот за јаглен во тоа подрачје, по жалбата на еколошките активисти за сериозно загадување на водата

Треба да знаете
Последни објави