Search

Рохани потпиша, Пентагон на списокот на терористички организации

Иранскиот претседател Ханас Рохани го потпиша амандманот на законот што го вклучи Пентагон на списокот на терористички организации, јави новинската агенција „Тансим“.

Ова е амандман на законот донесен во Иран минатиот април во кој на листата на терористичката организации се наведени Централната команда на САД и Министерството за одбрана на САД.

Сега сите вработени во Пентагон и во институциите што соработуваат со него се на тој список, пренесува ТАСС.

Иранскиот парламент во вторникот ја прогласи американската војска за „терористичка организација“ како одговор на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак.

На истата седница парламентот го одобри проширениот буџет за единицата Кудс, специјална единица на Револуционерната гарда, предводена од Сулејмани.

Треба да знаете
Последни објави