Search

Рохани бара од ММФ заем од пет милијарди долари за борба против коронавирусот

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе биде виновен за „дискриминаторско однесување” доколку не одобри заем од пет милијарди американски долари за Техеран за борба против коронавирусот.

– Барам од меѓународните организации да ги исполнат своите должности. Ние сме членка на ММФ. Не треба да има дискриминација во давањето заеми, рече Рохани на состанокот на состанок на неговиот кабинет што се емитуваше на телевизија.

Шефот на иранската централна банка Абдолнасер Хамати минатиот месец испрати барање до ММФ за пет милијарди американски долари од Иницијативата за итно финансирање, односно кризната програма која беше формирана за помош на земјите кои се соочуваат со ненадејни шокови, како што се природни катастрофи.

Треба да знаете
Последни објави