Search

Рондо не сака да го обнови договорот со Лејкерс

Плејмејкерот на новиот кошаркарски шампион во НБА-лигата ЛА Лејкерс, Раџон Рондо сака да стане слободен играч. Според „Basketball News” 34-годишниот Американец ќе ја одбие опцијата за продолжување на договорот со „езерџиите”.

Кошаркарот очекува да добие подобра зделка. Според сегашниот договор, тој ќе заработуваше 2,96 милиони американски долари ако му беше продолжен работниот однос со Лејкерс.

Во сезоната 2019/20, Рондо настапи на 48 натпревари, постигнувајќи просечно 7,1 поен по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави