Search

Роналдо постави рекорд во ЛШ

Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо постигна победнички гол за комплетен резултатски пресврт на натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта (3:2). Италијанската екипа е 38-ма против која Португалецот има постигнато гол во Лигата на шампионите што е нов рекорд во елитното клупско натпреварување.

Претходно, ниту еден играч во историјата на ова натпреаврување не успеал да ја погоди мрежата на толку многу екипи.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус на почетокот на сезоната. 

Треба да знаете
Последни објави