Search

Роналдо побара засилувања како услов да остане во Јунјатед

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо најави дека ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку раководството на премиерлигашот не донесе сериозни засилувања во летниот преоден рок, јавија денеска британските медиуми.

Според весникот „Дејли мејл”, Роналдо е незадоволен од работата на клупското раководство и нивната стратегија во делот на трансферите.

– Ливерпул го донесе Дарвин Нуњез, а Манчестер сити се засили со Ерлинг Халанд. Се шпекулира дека Јунјатед би можел да потпише со Френки де Јонг, Јуриен Тингер … но засега нема ништо од тоа. Роналдо им поставил ултиматум на клупските челници. Сака да види нови играчи во тимот или во спротивно ќе замине од Јунајтед, пишува лондонскиот весник.

Претходно неколку шпански медиуми објавија дека Роналдо би можел кариерата да ја продолжи во минхенски Баерн, доколку полскиот напаѓач Роберт Левандовски, сепак, замине од бундеслигашот и ја засили Барселона.

Треба да знаете
Последни објави