Search

Роналдо нема да биде обвинет за силување

Американскиот истражен судија нема да покрене тужба против Кристијано Роналдо по истрагата околу наводното силување на Катрин Мајорг, американската манекенка која тврдеше дека ја нападнал во 2009 година.

Таа лани го обвини Португалецот и опиша како имала сексуален однос со ЦР7 без да даде согласност и достави тужба. Полицијата повторно ја отвори истрагата од пред десет години и дури побара ДНК од играчот на Јувентус.

Сепак, целиот случај заврши уште пред да започне. Обвинителството излезе со соопштение и откри дека се откажува од процесот бидејќи нема доволно докази со кои ќе се докаже дека Кристијано Роналдо ја силувал Катрин Мајорга.

Од обвинителството посочуваат дека девојката со тоа што не го открила името на Португалецот во прв момент, и не обелоденила повеќе детали во 2009, придонела да бидат изгубени важни докази.

„Сомнежите против Кристијано Роналдо не може да се докажат. Поради тоа нема да биде покренато обвинение“, стои во објаснувањето од полицијата во Лас Вегас.

Треба да знаете
Последни објави