Search

Роналдо е најдобар, Меси не може да даде гол во „фармерската лига“

Математичар од Оксфорд пресмета дека Португалецот Кристијано Роналдо кој летово се врати во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е најдобар фудбалер во историјата на најважната споредна работа на светот. Овој викенд и навивачите на социјалните мрежи се повеќе се ставаат на страната на Португалецот кога е во прашање ривалството со Аргентинецот Лионел меси кој пак од Барселона се пресели во францускиот ПСЖ.

Меси сеуште се нема запишано во листата на стрелците кај „светците“. На натпреаврот меѓу ПСЖ и Лион, кога беше повлечен од игра одби да се поздрави со тренерот. Меси одигра три меча за ПСЖ и не постигна ниту еден гол, а Роналдо на своите три натпревари за Јунајтед постигна четири гола.

-Меси пропушти да постигне гол на својот трет меч во „фармерската лига“, додека Роналдо постигна три во најтешката лига во светот. Португалецот растура на 36 години, додека Меси се мачи во Лига 1 со Лион“, пишуваат навивачите преку социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави