Search

Романија: Запленет еден тон кокаин, уапсени двајца српски државјани

Властите во Романија запленија повеќе од еден тон висококвалитетен кокаин скриен во чамец кој се превртел во делтата на Дунав.Полицијата денеска до агенцијата која што истражува организиран криминал во Букурешт донесе вреќи со кокаин, чија вредност се проценува на 300 милиони евра.

Главниот обвинител на Управата за истражување организиран криминал и тероризам, Феликс Банила изјави дека полицајците нашле кокаин покрај превртениот чамец во источното место Свети Ѓорѓе. Тој додаде дека дрогата пристигнала по морски пат и дека поминала низ Романија. Приведени се двајца Срби. Дрогата е пронајдена неколку дена откако е пронајден сличен пакет со кокаин во истата област, којшто испаднал од камион.

Треба да знаете
Последни објави