Search

Родригез ќе ја продолжи кариерата во Наполи

Хамес Родригез и Баерн неодамна ја прекинаа својата соработка откако германскиот шампион, по двегодишен заем, не одлучи да ја активира клаузулата за откуп, договорена со Реал Мадрид и да биде обврзан со постојан договор, а денес „ЕСПН” објави дека Хамес ќе ја продолжи својата кариера во Наполи.

Во случај да го откупеше договорот, Баерн ќе требаше да му даде на Реал 42,5 милиони евра за халфот, но нема да биде ништо од тоа, па Родригез ќе се пресели во Италија по 67 натпревари во Бундеслигата, во кои постигна 15 гола и дели 20 асистенции.

Колумбиецот кај Нико Ковач барал сигурно место во стартните 11, а во Баерн не можеле да му го ветат тоа, па поради неговото незадоволство дошло и до тензии во соблекувалната на баварците, по што Ковач и лидерите на клубот одлучиле дека е паметно да го вратат во Мадрид.

Анчелоти гледа во Колумбиецот еден од главните играчи за изградба на нов тим со кој ќе се обиде да ја сопре доминацијата на Јувентус следната сезона.

Наполи ќе го земе на заем за кој ќе плати 10 милиони евра, а потоа ќе има право да го купи за сума меѓу 30 и 40 милиони евра, во зависност од договорот на клубовите, додава изданието.

Треба да знаете
Последни објави