Search

Родилки од Куманово и Охрид позитивни на коронавирус, едно бебе починато

Две жени, кои што се породиле во изминативе два дена на Клиниката за гинекологија се заразени од корона вирус, дознава Канал 5.

Се работи за родилки од Куманово и од Охрид, а бебето на едната од нив, за жал починало, но не е позната причината за смртта.

Неофицијално, тие во Клиниката дошле со симптоми на вирусот.

Од Министерството за здравство во изминатиот период најавија дека само тешките случаи на бременост и породување ќе се извршуваат на Клиниката за гинекологија, каде меѓудругото, ќе се примаат и родилки со корона вирус..

Полесните породувања ќе се изведуваат во болницата во Чаир..

Треба да знаете
Последни објави