Search

Роби Вилијамс: Jа напуштив Британија поради навредите на Лиам и Ноел Галагер, беше неподносливо

Роби Вилијамс тврди дека долгогодишната расправија со Лиам и Ноел Галагер од „Оазис“ го направила толку вознемирен што придонело за неговата одлука да ја напушти Велика Британија.

Пејачот (47) и sвездите на култниот бенд „Оазис“ до неодамна беа заглавени во војна на зборови која траеше повеќе од две децении, а кулминираше кога хитмејкерот на Angels го предизвика Лиам (48) на боксерски натпревар на „Британските награди“ (БРИТ-авордс)  во 2000 година.

Говорејќи за нивното ривалство, кое главно се случуваше во 90-тите и 2000-тите години, Роби вели: „Беше неподносливо. Морав да ја напуштам земјата. Се сеќавам на секој слог од навредите на рокерите.“

Говорејќи за подкастот Talent Takes Practice, Роби рече: „Мојот бренд за забава не се сметаше за достоен поради начинот на кој се претставив.“

Постоеше тренд на „Роби Вилијамс не е кул“, рече пејачот. „Ова не се однесува на трите милиони луѓе кои ги купија моите албуми.“

„Секојпат кога гледав ТВ-програми, имаше луѓе што беа полни со омраза кон мене. Тоа беше погрешно и гротескно. Беше неподносливо. Решив да ја напуштам земјата.“

Роби ја напушти Велика Британија за нов живот во Лос Анџелес во 2004 година.

Тој е најпродаван британски соло-изведувач во Велика Британија и најпродаван нелатино изведувач во Латинска Америка. Шест од неговите албуми се наоѓаат меѓу првите 100 најпродавани албуми во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави