Search

Ристовски верува дека со македонската репрезентација ќе испишат историски настап на ЕП

Македонскиот фудбалски репрезнтативец Стефан Ристовски кој настапува за португалскиот Спортинг Лисабон, во интервју за тамошниот магазин „Журнал Спортинг“ искажа оптимизам дека со државниот тим се кадарни да испишат историски настап на завршницата од ЕП-2020. Тоа оваа генерација на македонски фудбалери предовдена од искусниот Горан Пандев има втора прилика откако неуспеаа преку регуларните квалифиакциии каде завршија како третопалсирани во групата, најдобар пласман досега во еден квалифиакциски циклус од појавувањето на меѓународната сцена, со последните два меча, полуфиналниот и финалниот од Лигата на Нации.

-Македонија никогаш не играла на едно Европско првенство или на некој Мундијал, Лигата на Нации сега ни дава голема шанса. Ние сме мала земја со голем сон и се надевам дека можеме да испишеме историја-  вели во интервјуто заменик капитенот на Македонија, Ристовски.

Искусниот 28-годишен интернационалец Ристовски има и пофални зборови за својот помлад колега  младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Митровски (21 г.) кој настапува за тимот на Спортинг.

 

Треба да знаете
Последни објави