Search

Ривера поднесе оставка по неуспехот на „Сиудаданос“ на изборите во Шпанија

Лидерот на шпанската  десничарска партија „Сиудаданос“, Алберто Ривера, поднесе оставка по неуспехот што го доживеа партијата на предвремените избори.

„Сиудаданос“ освои 10 места на изборите, што е за 47 помалку од резултатот на изборите одржани на 28 април, пренесува „Ел Паис“.

Тој на прес-конференција рече дека поднесува оставка затоа што „неуспехот им припаѓа на лидерите“ и додаде дека тој исто така поднесува оставка како заменик  на Конгресот.

Треба да знаете
Последни објави