Search

Рибери ќе биде подложен на операција

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Франк Рибери ќе биде подложен на операција на десниот глужд, соопштија од клубот. 36-годишниот Рибери сеповреди на натпреварот од 14-то коло против Лече на 1 декември и ги пропушти последните два натпревари на клубот од Фиренца поради болка.

– Франк Рибери денеска беше подложен на медицински тестови за да се утврди причината за болката во одредени движења на глуждот. За да се гарантира неговото враќање во игра што е можно поскоро, беше решено Рибери да помине лесна хируршка процедура што треба да се изврши во следните часови, се вели во соопштението на клубот.

По интервенцијата, ќе има јасност за периодот на опоравување, но извесно е дека францускиот крилен играч нема повторно да игра во 2019 година.

Рибери има 2 гола и 2 асистенции во 11 натпревари за Фиорентина за време на кампањата.

Треба да знаете
Последни објави