Search

Решена мистеријата на исчезнатата студентка: Ја убила сестра си па ја ставила во замрзнувач

Полицијата ја уапсила Смилјана Доминиќ (45) под сомневање дека ја убила својата сестра Јасмина, студентка која исчезнала во август 2000 година. Телото на Јасмина било пронајдено вчера во замрзнувач во подрумот од нејзината семејна куќа во Меџимурје, Хрватска, јавуваат медиумите.

Иако од полицијата уште не потврдуваат дека телото е на Јасмина, бидејќи уште не е доволно одмрзнато телото, се претпоставува дека станува збор за студентката.

Не е познато како телото на студентката, која имала 23 години кога исчезнала не било пронајдено, иако полицијата повеќе пати ја пребарувала куќата.

Телото било замотано во целофан, а официјално, Јасмина ја пронашол сопругот на Смилјана, кога забележал дека од фрижидерот излегува непријатен мирис.

Мештаните нагаѓаат дека причина за убиството била кавга за момче, бидејќи Јасмина била успешна студентка и спортистка, а Смилјана работела како келнерка и имала вонрбачно дете.

Треба да знаете
Последни објави