Search

Реновиран Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија

Реновиран е Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Комплетно се реновирани 5 дијабетолошки амбуланти и направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти. Отворивме и Кабинет за дијабетично стапало опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест. Во оваа установа сите амбуланти се опремени со UV ламби со цел темелна дезинфекција на просторот- напиша Филипче на фејсбук.

-Покрај сите предизвици со Ковид 19, успешно ги продолжуваме и редовните активности за унапредување на услугите во јавното здравство и условите за работа на здравствените работници- напиша Филипче на фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави