Search

Ректорот Јанкуловски земал две плати !

Ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски земал две плати утврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Една плата на сметката од Јанкуловски легнувала од Клиниката за дигестивна хирургија и една од УКИМ.

По изборот за ректор Јанкуловски не го ставил во мирување своето работно место на клиниката, што било законска обврска. Поради ова ДКСК предложи да се побара кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и од директорот на универзитетската Клиника за дигестивна хирургија во Скопје, Зоран Караџов.

Кривична одговорност има и Јанкуловски затоа што требало да го достави барање до Клиничкиот центар, но тој тоа не го направил и се стекнал со материјална корист.

„ДКСК предлага универзитетската Клиника за дигестивна хирургија во Скопје да донесе решение за ставање во мирување на работниот однос на Никола Јанкуловски, да се усогласат договорите меѓу Сенатот и ректорот во согласност со Законот за високо образование, да се утврдуваат критериумите за одредување на висината на платата на ректорот, тоа што досега не е средено со закон како работен однос на ректорот“, рече на денешната седница членот на ДКСК Шемши Салаи.

Треба да знаете
Последни објави