Search

Река во Теарце: Денес никој не може да ги присили Албанците да гласаат против својата волја

Вечерва претседателскиот кандидат, Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Теарце, каде исто така беше придружуван од лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и лидерот на движењето Беса, Билал Касами.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села за време на митингот рече дека е тешко да се зборува кога луѓето ги убедувале, дека се е очигледно во врска со оваа работа, кога станува збор за идниот претседател на Република Северна Македонија; Албанците гласаат за Албанец.

„Никогаш не сум рекол дека арнаутите гласаат за Македонците. Реков дека на сите Албанци на кои сеуште крвта не им стана вода ќе гласаат за Бљерим Река. Ние сме тука да им кажеме на сите Албанци дека ако другите партии, ги повикуваат нивните членови да гласаат за кандидатот Македонец, или како што се знае кандидатот на СДСМ, всушност се обидуваат да ги убедат Албанците да гласаат за некој кој не е Албанец“, истакна Села.

Касами пак истакна дека кога професорот Река одлучил да се кандидира, тие воопшто не се двоумеле за да му дадат поддршка.

„Професор Блерим Река нè направи горди затоа што имаме кандидат Албанец и ова е историскиа пресвртница. ВМРО, јавно рекоа дека не ги сакаат албанските гласови, а СДСМ рекоа ве сакаме но како Македонци. Професорот Река ни даде можност да им кажеме не на овие неправди„ истакна Касами.

Река продолжи со изразување благодарност за масовното присуство и дека се чувствува многу почитуван од жителите на Теарце. Заедно го започнавме ова патување и на 21-ви април ќе излеземе каkо победници. Албанската свест напредувала и денес никој не може да ги присили Албанците да гласаат против својата волја„, заокружи Река.

Треба да знаете
Последни објави