Search

Реал ќе трген по Санчо во летниот преоден рок 2021 година

Фудбалерот од средниот ред на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо,  подолго време се наоѓа на „радарот“ кај шпанскиот Реал Мадрид.

Клубот од Мадрид во последниве години се посвети на ангажирање претежно млади талентирани играчи, атаков е и Санчо.

Според „Ас”во прилог на евентуален ваков трансфер одат и добрите односи меѓу Реал и Борусија.

Сепак, на крајот, мислењето на 20-годишниот Англичанец, за кого се интересираат и Манчестер јунајтед и други европски врвни клубови, ќе има клучна улога.

Реал Мадрид го гледа Санчо во тимот како дел од долгорочен проект. Клубот очекува да го купи во летото 2021 година, бидејќи оваа година Мадрид најверојатно ќе има големи финансиски трошоци.

Треба да знаете
Последни објави