Search

Реакција на „Хрватско-македонска тангента” на написите на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија 

Сашо Георгиевски, претседател на „Хрватско-македонска тангента” и Љупчо Арсовски, амбасадор, претседател на Комисија за меѓународни односи на „Хрватско-македонска тангента” во име на Управниот одбор на здружението енергично ги осудуваат навредите кон хрватската држава и влада кои на социјалните мрежи ги пласира и шири Горјан Тозија (директор на владината агенција за филм), а се пренесени во дел од медиумите.

Неговите написи полни со омраза, како на пр. „Со Хрватска владеат фашисти”, „Хрватската влада е фашистичка”, „Пленковиќ ги гуши слобоидите во ЕУ” и „ХДЗ е фашистичка партија”… само се дел од навредите кои ја вознемирија јавноста во пријателската Хрватска, а македонската дијаспора ја доведоа во мошне незгодна и непријатна ситуација.

„Хрватско-македонската тангента” смета дека ова поведение на раководител на владина агенција (Горјан Тозија) сериозно ги нарушува пријателските односи меѓу двете држави и двата народи и целосно се оградува и дистанцира од тие навредливи ставови. Очекуваме дека македонската влада ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност.

„Тангентата” ќе продолжи како и до сега да работи на доближувањето на традиционално извонредните блиски и пријателски односи меѓу Хрватска и Република Северна Македонија во доменот на култура, уметност, политика, стопанство, туризам…

Треба да знаете
Последни објави