Search

Рафиња и Левандовски го „решија“ Бетис

Барселона не попушта во својата намера да го задржи врвот во Примера, но не само тоа, вечерва изврши дополнителен притисок врз Реал Мадрид, кој утре го игра својот меч од заостанатото коло. Барселона вечерва славеше победа против Бетис на гостински терен со 1:2.

Каталонскиот гигант вечерва имаше тешка задача на секогаш жешкото гостување во Андалузија, но момците на Чави се прикажаа во вистинско светло и заслужено стигнаа до трите бода.

Уште во првиот дел, Педри имаше две големи шанси да ја доведе Барселона во водство, имаше уште еден зицер и на стартот на вториот дел, но на крајот мразот го скрши Рафиња по една одлична акција од левата страна.

Балде го покажа својот потенцијал и одлично го пронајде Бразилецот кој ја имаше најлесната задача на светот, а водството од 0:1 донесе потребен мир во играта на Барса.

Во такви услови, Роберт Левандовски го постигна погодокот за 0:2, а со тоа ја потврди победата во неговото браќање на терените во Ла Лига. Полјакот ја одлежа својата суспензија и веднаш покажа колку е важен за тимот, па на крајот забавата не ја расипа ниту автоголот на Кунде со кој беа поставени конечните 1:2.

Барса сега има осум бодови предност пред Реал Мадрид, кој утре игра дерби против Валенсија на „Сантијаго Бернабеу“.

Треба да знаете
Последни објави