Search

Раул за денешниот натпревар не го менува тимот кој победува

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез нема менува ништо во составот и за мечот број три на Светското првенство. На трибините за натпреварот против Хрватска остануваат голманот Златко Даскаловски и кружниот напаѓач Милан Лазаревски.

 

Македонија – Хрватска:

Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Филип Лазаров, Горан Крстевски, Кирил Лазаров (капитен), Мартин Серафимов, Гоце Георгиевки, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра од 18:00 часот. Досега и двете репрезентации имаат по две победи на Мундијалот.

Треба да знаете
Последни објави