Search

Просечната старост на заразените во Хрватска е 49,5 години

Расте бројот на заразени од коронавирусот во регионов. Според најновите податоци во Хрватска има 46 ново инфицирани и вкупната бројка изнесува 361 лице.

-Имаме 361 заразено лице. Иако на прв поглед таа бројка е голема, искрено очекувавме повеќе, па можеме да бидеме задоволен како се справуваме во коронавирусот. На едно лице здравстевената состојба му е влошена, па сега на респираторна машина имаме 6 лица – соопшти Вили Берош, министерот за здравје во Хрватска.

Просечната старост на заразените во Хрватска е 49,5 години. Од нив 56 одсто се мажи и 44 одсто жени. Ако заболените се распределат според возраста во групата од 60 до 70 години има 12,7 одсто инфицирани, а во групата од 70 до 80 години само 6,1 одсто, Другите инфицирани се помлади лица.

Во Црна Гора има евидентирано два нови случаи и сега вкупната бројка на зараразени со Ковид 19 се искачи на 29, соопшти министерот за здравје во оваа земја Миро Кнежевиќ. Според него Црна Гора која последна евидентираше во регионот зарезени граѓани од коронавирусот се справува добро со проблемот кога станува збор за набавка на опрема и правовремена  реакција.

 

 

Треба да знаете
Последни објави