Search

Расте бројот на жртвите од коронавирусот

Бројот на жртви од коронавирусот се зголеми на 25, со повеќе од 600 потврдени случаи на инфекцијата.

Британски „Скај њуз” пренесува дека се работи претежно за лица над 60 години и оти повеќето од нив веќе имале некоја болест. Најмладата почината пациентка имала 48 години.

Поради избувнувањето епидемија, кинескиот град Вухан е ставен во карантин – прекинат е воздушниот, железничкиот и копнениот сообраќај, а на жителите им се препорачува да не патуваат надвор од градот.

Денеска е затворен и втор град во централна Кина во обид на властите да се спречи ширењето на епидемија на коронавирусот што избувна во соседниот Вухан. Железничката станица во Хуангганг, каде има население од 7,5 милиони и е оддалечена 70 километри од Вухан, ќе прекине со работа се до нова наредба на властите. Oд полноќ сите возила ќе бидат проверувани, а баровите и кината ќе бидат затворени, соопштија градските власти.

Треба да знаете
Последни објави