Search

Раниери се враќа во Италија да ја спасува Сампдорија

Искусниот фудбалски стручњак, Клаудио Раниери, се враќа во италијанскиот клупски фудбал, и ќе биде новиот тренер на Сампдорија. Тимот од Џенова е на дното на табелата во Серија А, и задача на италјанскиот стратег Раниери ќе му биде на Сампдорија да ѝ обезбеди опастанок во елитното друштво. Раниери во својата долга кариера, ги има водено Рома, Јувентус, Интер, Парма, Фиорентина, Наполи и Калјари, а и во странство има завидна кариера. Последниот голем успех му беше титула во Премиерлигата со „малиот” Лестер.

После репрезентативната пауза, Сампдорија треба да игра против Рома, и на таа средба против неговиот претходен клуб, Раниери треба да го има дебито на клупата на Сампдорија.

Треба да знаете
Последни објави