Search

Рама најави испраќање на два сателити во орбитата

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната пленарна седница на Парламентот најави дека во текот на идната година владата ќе испрати два сателита „Албанија1″ и „Албанија2″ во орбитата.

Неговата изјава наиде на потсмев на опозицијата но тој продолжи игнорирајќи ги.

– Ќе купиме дрнови. Ќе испратиме и сателити во орбитата. Смејте се, смејте се. Кога ќе ги видите сателитите „Албанија” во орбитата и тоа не во следниот мандат, туку идната година. Тоа ќе бидат Албанија 1 и Албанија 2, рекол Рама не наведувајќи повеќе детали, пренесува АБЦ њуз.

Со тоа, додава истиот извор, Албанија се очекува да биде прва земја од регионот која ќе испрати сателити во орбитата.

Меѓу 10-те главни земји кои доминираат во сателитската индустрија се САД, Кина, Русија, Велика Британија, Јапонија, Индија. Се смета дека има околу 7.941 сателити, поголемиот дел им припаѓаат на САД, наведува телевизијата.

Треба да знаете
Последни објави