Search

Рама: Долго го убедував Вучиќ да ја прифати мојата идеја за „мини-шенген“

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска обелодени дека идејата за „мини-шенген“ е негова, но за да биде прифатена од земјите на Западен Балкан потрошил многу време во дебата за да го убеди спрпскиот преседател Александар Вучиќ да се отпочне со конкретни чекори.
– Кој е против регионалниот шенген, не ме разбира. Регионалниот шенген е визија и упорност од моја страна, наша страна, уште од првите денови на Берлинскиот процес. До пред некое време беше спречен од страна на Претседателот на Србија со кој сум дебатирал. Не може да направиме регионален договор за трговија ако не направиме договор за слободен проток. Ова го става Косово во поволна позиција. Косово се изолира во своите граници. Можеш да бидеш патриот со пижами и да седиш дома. Историјата не се пишува седејќи дома и да изиграваш патриот со пижами – истакнал Рама.

Треба да знаете
Последни објави