Search

Ракитиќ: Ако играм нема подобро место од Барселона

Хрватскиот фудбалски интернационалец Иван Ракитиќ вторпат сезонава се најде во почетната постава на шпанскиот првак Барселона на дерби дуелот со Атлетико во Мадрид кој го добија со 1:0. Овој потег на тренерот Ернесто Валверде беше изненадувачки за сите, па и за самиот Ракитиќ кој последен пат ваква доверба доби во септември.
– Не ја разбирам ситуацијата. Ако можам да играм, за мене нема подобро место од Барселона. Сакам да уживам во секој ден и ако е можно тоа да биде Барселона. Претходно изјавив дека ми ја зедоа топката за да нагласам колку го сакам фудбалот. Повторувам, ако играм, нема подобро место од Барселона, имам уште многу да понудам- изјави Ракитиќ за кого во јануари на големо се најавуваше преселба од „Камп Ноу“”.

Треба да знаете
Последни објави