Search

Разликите во квалитет на храната- причина за инфаркти и проблеми со кожата

Валентина Ангеловска

Разликите во храната на мултинационалните комании кои за различни пазари произведуваат различни производи по состав, се главна причина за зголемениот број на инфаркти во средна и источна  Европа. Исто така ризикот од здравствени проблеми во пубертет кај младата популација кои консумира најчесто чоколади, мајонези и млечни намази е далеку поголем кај младите во овој дел на Европа. Ваквиот заклучок доаѓа од страна на Европското здружение за срцеви болести после истражувањето на хрватската европратеничка Билјана Борзан за двојниот квалитет на храна за различни пазари. Македонските лекари велат дека зголемената количина на шеќер и адитиви во одредени производи, посебно нездравата храна која многу ја има на нашите трпези.

Човечкиот живот нема цена

На европскиот пазар мора да се направат тектонски промени за да секој граѓанин без разлика во која држава живее и купува има иста храна од одреден бренд. Не е во ред да купувате виршли кои во Германија се со месо во состав, а во останатите земји од источна Европа месо да има само во траги иако е декларирано дека го има- вели Борзан. Според неа граѓаните не треба со сопственото здравје да го платат цехот на големите компании.

Во контекст на нејзината изјава доаѓа и потврдата од Европското здружение за срцеви болести според кое двојниот стандард за квалитет на големите компании го зголемува двојно ризикот за срцеви и кардиоваскуларни болести.

-Ризикот од болести е многу голем ако консумирате храна полна со сол, шеќер и газирани пијалоци полни со адитиви. Истражувањата покажуваат дека храната во источна и средна Европа е многу поблага, посолена и по полна со адитиви и конзерванси од храната во другиот дел од светот- стои во нивното соопштение. Тие потсетуваат дека детски кашички беа повлечени од пазар токму поради зголеменото присуство на шеќери и компанијата беше казнета за тоа што не била правилно декларирана кашичката.

Деца и тинејџери најризичнна група

Дерматолозите во земјава велат дека конзервансите се голем проблем со кој се борат во секојдневно.

– Себороичен дерматит е можеби најчестовлијание на конзервансите во одреденааа храна посебно ако ги има во поголема количина. Се манифестира како црвенило на лицето кое се јавува како одбрамбен механизам на телото кое на тој начин се обидува да се одбрани.Втор проблем се алергиските реакции. Некои храни во себе содржат алергени кои даваат осипи на кожата, кои се пропратени со чешање кои може да завршат со анафилактичен шок- вели доктор прим. Д-р Коста Цветковиќ, дерматовенеролог. Според него доколку дојде до ова треба веднаш да се делува бидејќи станува збор за сериозна здравствена состојба.

Третиот и најчест проблем за дерматовенеролозите кој дирекно произлегува од храната која се јаде е појавата на акни.

Тоа е космополитско заболување кое бара сериозен пристап, што значи најстрога забрана за консумирање на храна која во себе содржи конзерванси и адитиви- вели Цветковиќ.

Изјавите на лекарите доаѓаат откако Европската комисија излезе со податок дека подготвува закон со кој веќе нема да има граѓани од втор ред, односно ќе забрани да се произведува еден ист бренд со различен квалитет за различни пазари.

Треба да знаете
Последни објави