Search

Раекација на Иванов до Фрчкоски: Јас не сум како тебе. Кој си ти кажа Андов во мемоарите

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата  „24 Анализа” на Телевизија 24.

Сметаме дека ваквиот однос на Фрчкоски кон Претседателот на Република Македонија е резултат на личен анимозитет, како и последица на неговите лични фрустрации поради доживеаниот пораз на претседателските избори, токму од страна на претседателот Иванов.

Сметаме дека Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов.

Дали треба да ја потсетуваме јавноста на веќе укажаните сведоштва дека Фрчкоски е архитектот на политичката полиција и криминализирање на Службата за безбедност во Република Македонија на штета на националните прашања?

Дали непрофесионализмот, кршењето на човековите права и владеење на подземјето е неговиот печат во управувањето со институциите? Дали Фрчкоски смета дека јавноста заборави за криминалните и неморалните дела од неговото владеење?

Претседателот Иванов му порачува на Фрчкоски:

„Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на поранешниот претседател Киро Глигоров и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов”.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија очекува од Јавното обвинителство да реагира на сите досегашни изјави и сведоштва за улогата на Фрчкоски во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Брз импичмент и судење на претседателот, според професорот Љубомир Фрчковски може да се случи по расплет на настаните од 17 април и ако се утврди дека и Ѓорѓе Иванов бил вмешан во сценариото за прогласување воена состојба. Oва тој го изјави вчеравечер во Анализа на ТВ 24.

Тој изјави дека ако Албанците кои наводно биле наоружани и го поминеле мостот, работата би отишла предалеку, но смета дека Американците интервенирале во последен момент.

 

Треба да знаете
Последни објави