Search

Работнички обвинува за судиска лакрдија во Кратово

Фубалскиот прволигаш од Градскиот Парк, Работнички по вчерашниот првенствен натпревар од 9. коло во Картово каде му гостуваше на Силекс каде загуби со 4:3 обвинува за судиска лакрдија.  Според „роматичарите“ кратовскиот тим во судиското надополнување победничкиот гол го постигнал откако топката била вратена во игра иако била излезена од теренот. Заради тоа Работнички инсистира овој скандал итно да биде расчистен од Натпреварувачката и од Судиската комисија на ФФМ, иако се свесни дека бодовите нема да бидат вратени, а последици ќе сносат сдиите. Главен судија беше Васко Мавров од Струмица, а му помагаа  неговито сограѓанин Стојан Костадинов и Тоше Ицев од Кавадарци, додека четврти судија беше Стојанче Трпчевски Кавадарци.

-ФК Работнички е драстично оштетен на натпреварот против Силекс во Кратово (4:3). Клубот реагира на нерегуларно постигнатиот победнички гол за домашниот тим. При акцијата на голот што го постигна Бурхан Мустафов, топката претходно е излезена во гол-аут, од каде еден фудбалер на Силекс со глава ја враќа во игра и потоа Мустафов постигнува нерегуларен погодок, почнува соопштението на клубот од Дебар Маало.

-Скандалот е уште поголем ако се знае дека последните две минути од мечот, нема интернет пренос во живо на веб-страницата на ФФМ, затоа што одеднаш снемало електрична енергија во сегментот каде се поставени телевизиските камери. ФК Работнички прашува дали ова е свесна режија во која клубот повторно треба да биде драстично оштетен и да го загуби натпреварот?
Како клуб кој вложува големи финансиски средства во натпреварувањето во 1.МФЛ, сакаме да го истакнеме катастрофалното судење на главниот судија Васко Мавров и неговите асистенти.

Да биде лакрдијата поголема, Силекс победи со 4:3 и тоа со два гола постигнати од белата точка. И на двата луѓето од Работнички имаат замерки.

-Четвртиот гол на Силекс, постигнат во 95. минута, е апсолутно нерегуларен затоа што топката е излезена во гол-аут и потоа вратена во поле, а Бурхан Мустафов постигнува гол. При вториот гол на ФК Силекс во 50. минута, напаѓачот Урош Ѓуриќ игра со рака во петерецот на Работнички, судијата Васко Мавров не реагира, а домашниот тим постигнува гол преку Денис Ристов. Првиот досуден пенал за ФК Силекс во 28. минута е крајно сомнителен, со оглед дека ниеден фудбалер на ФК Работнички нема старт кон противничкиот фудбалер. Судијата Васко Мавров покажува на белата точка. На вториот досуден пенал за ФК Силекс, во 78. минута, претходи класичен прекршок над фудбалер на ФК Работнички кој судијата Васко Мавров не го санкционира. Во продолжението на акцијата тој досуди пенал за домашниот тим, се вели во соопштението на „роматичаритер“.

Треба да знаете
Последни објави