Search

Работна посета на МНР Никола Димитров на Берлин

Утре (петок, 6 декември 2019 година) во Берлин, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на конференцијата „Балкански дијалози”, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција, EAST WEST Институтот и Белградскиот фонд за политичка извонредност (BFPE).

Министерот Димитров ќе настапи на пленарната сесија посветена на „Зајакнување на европската перспектива на Западниот Балкан”.

За време на посетата во Берлин, покрај учеството на настанот, предвидено е МНР Димитров да оствари средби и со претставници од германското Министерство за надворешни работи и од Кабинетот на Канцеларката Ангела Меркел.

Треба да знаете
Последни објави