Search

Путин со критики за продолжување на ширењето на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати критики за продолжување на ширењето на НАТО, што, според него, е бесмислено имајќи предвид дека не постојат закани од Москва по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Зборувајќи на состанокот на руските воени лидери во Сочи, Путин истакна дека ширењето на НАТО претставува закана за Русија, но се надева дека интересот за заеднична безбедност ќе преовлада.

И покрај тензиите, тој изјави дека Русија е подготвена да соработува со Алијансата. 

Треба да знаете
Последни објави