Search

Путин потврди дека ги игнорира телефонските повици на Порошенко

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска потврди дека ги игнорира повиците на украинскиот претседател, Петро Порошенко.

Порошенко рече дека се обидел телефонски да контактира со Путин во текот на кризата меѓу двете земји, но откри дека Путин ги игнорирал неговите повици, објави агенцијата АП.

Путин потврди дека ги одбивал повиците на Порошенко, кого го смета за виновник за разгорувањето на тензиите меѓу двете земји, само поради политички поени.

Путин за руските новински агенции изјави дека не е оти не сака да разговара со Порошенко, туку дека нема волја да учествува во неговата предизборна кампања.

Претседателските избори во Украина се закажани за 31. март следната година.

Треба да знаете
Последни објави