Search

Путин: Конкуренцијата трепери пред руските „сухои“

Производите на компанијата „Сухој“ претставуваат гордост на Русија и предизвикуваат извесен трепет меѓу конкурентите, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

„’Сухој’ е еден од лидерите во нашата авијациска индустрија. Вие произведувате такви авиони кои се предмет на завист во многу земји и предизвикуваат одреден трепет кај нашите конкуренти. Во исто време тие се гордост на Русија, без никакви претерувања“, рече рускиот претседател.

Путин изрази надеж дека, без оглед на пандемијата на коронавирусот, погоните на „Сухој“ работеле под такт, пренесува „Спутник“.

„Сухој“ е најголемата руска компанија, која се занимава со конструкција и производство на авиони, како и обука за пилоти. Главната задача на компанијата е да им обезбеди современа авијациска опрема на руските воздухопловни сили.

Треба да знаете
Последни објави