Search

Путин и Ердоган разговараа за ситуацијата во Сирија

Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговараа телефонски за имплементација на договорот за Сирија, откако 33 турски војници загинаа во воздушните напади во Идлиб, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров рече дека Путин и Ердоган разговарале за спроведување на договорот за Идлиб, пренесува Ројтерс.

Тој исто така кажа дека Русија и Турција се подготвени да ја продолжат соработката кога станува збор за Сирија.

Русија побарала од Сирија да престане со операциите во Идлиб со цел да се евакуираат повредените лица.

Лавров додаде и дека Москва не може да ја спречи сириската армија да реагира на терористичките активности во Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави