Search

Пукано во американски воен хеликоптер кај Вашингтон, пилотот ранет

Хеликоптер на американската армија бил погоден со куршум недалеку од Вашингтон, при што еден од пилотите бил ранет, а леталото принудно слетало на аеродромот во Вирџинија.

Американското  ФБИ отвори истрага.

Хеликоптерот UH-1N „Huey“ бил погоден од огнено оружје за време на редовниот лет за обука, а пилотот бил погоден, велат од командата на базата „Ендрус“, која е позната и како седиште на „Воздухопловот број еден“, авионот на американскиот претседател.

Повредениот пилот не е во опасност од смрт, соопшти американската војска.

ФБИ отвори истрага за овој настан, бидејќи првите индикации укажуваат дека хеликоптерот бил погоден од куршум испукан од земја.

Првите информации велат дека авионот бил погоден додека бил на надморска височина од 300 метри и оддалечен околу 16 километри од аеродромот Манасас.

Треба да знаете
Последни објави