Search

Пукал во куче, а погодил момче

Шеснаесетгодишно момче од скопското село Бојане вчера било рането со огнено оружје, по што било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Инцидентот се случил во селото Копаница.

Во врска со настанот уапсен е 16-годишник од с.Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот. Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето.

Треба да знаете
Последни објави