Search

ПСЖ не го даде Нејмар за триото од Реал-Навас, Родригез и Бејл

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ одби уште една понуда на шпанскиот Реал Мадрид за да ја затвори приказната со Бразилецот Нејмар, кој отоврено се произнесе дека сака да си замине од Париз. Според „Л’Екип”, мадридскиот клуб понудил во трансферот да ги вклучи голманот Кејлор Навас, играчот од средниот ред Хамес Родригез и напаѓачот Герет Бејл.

Претходно беше објавено дека Навас сака да го напушти Реал Мадрид, бидејќи го загуби местото во првиот состав по доаѓањето на Тибо Куртоа. Родригез помина две сезони на позајмица во Баерн и не е вклучен во прв план кај тренерот Зидан, а за велшкиот репрезентативец Бејл во Реал летово стигнаа понуди од Кина и Англија. Бејл беше во почетниот состав во 1. коло на шпанската Примера против Селта (3:1), откако Зидан објави дека тој ќе остане во тимот.

Треба да знаете
Последни објави