Search

Протест на „Трафалгар сквер“ во Лондон укинувањето на специјалниот статус на Кашмир

Стотици луѓе, вклучително и членови на Студиската акција во Кашмир и Здружението СОАС (Школата за ориентални и африкански студии) на Индија, се собраа на „Трафалгар сквер“ во Лондон во знак на протест против неодамнешната одлука на индиските власти да ги поделат Џаму и Кашмир на две територии, пренесува „Спутник“.

Овој потег уследи откако претходно овој месец, индискиот претседател Рам Нет Ковинд потпиша указ со кој се отстранува Член 370 од Уставот, со што ѝ се одзема спецоијалниот статус на државата Џаму и Кашмир.

Пакистан остро ја осуди одлуката на Индија, а премиерот на земјата Имран Кан ја спореди Индија со нацистичка Германија. Како реакција на одлуката на Њу у Делхи, Исламабад го протера индискиот амбасадор и ја прекина трговијата и желеничкиот сообраќај кон својот јужен сосед.

Треба да знаете
Последни објави